Зошто убавите и успешни жени бираат лоши мажи?

Сите сме го виделе тоа: успешна, згодна и амбициозна жена во врска со маж кој и не е толку пожелен. Без оглед на тоа дали е некој кој не е привлечен или успешен како неа или со некој кој ја изневерува и не се однесува добро кон неа. На сите им е јасно дека може многу подобро, освен таа. Во што е штосот?

Трејси Кокс, брачна советничка, вели дека постојат повеќе причини за тоа.

Успешните жени имаат помалку избор

Колку е жената поуспешна или позгодна, потешко и е да најде партнер. За пример ги наведува познатите ѕвезди како Џенифер Лоренс, Кајли Минго, Шарлиз Терон и Хали Бери кои барем еднаш се имаат пожалено дека мажите ретко им приоаѓаат. Причината за тоа е тоа што мажите се плашат од нив или сметаат дека „не се доволно добри за нив“. Па затоа, копнеејќи по љубов и внимание, се фаќаат за тип кој ќе се осуди да им пријде и малку да се потруди, иако во најголем дел од случаевите се работи за женкар.

Успешните жени немаат време за врски

Времето е најголем луксуз за успешните жени. Воспоставување на квалитетен однос си бара време, труд и посветеност, се она што тие го имаат вложено во кариерата. Поради тоа често завршуваат со некој чисто од причина што немаат ни време, ни енергија да бараат подобар.

Поради недостаток на време, не воочуваат важни работи

Во поголемиот дел од времето, партнерот се опушта по три месеци и тогаш паѓаат маските, односно ги гледаме нивните недостатоци. Успешните жени често пропуштаат да ги видат тие работи, затоа што вниманието им е насочено кон кариерата.

Осамено е на врвот

Паметните и силни жени ги сметаме за силни и мислиме дека не им треба некој кој ќе се грижи и внимава на нив. Но, важно е да се има на ум дека тие не се роботи само затоа што се успешни. И тие се ранливи и на нив им е потребна љубов.

Не е се црно и бело

Понекогаш гледаме преубава жена со тип кој не е баш толку убав, но ни промакнува фактот дека не е се во изгледот. Додека сите останати го гледаат неговиот надворешен изглед, таа во него гледа и препознава квалитети кои не се гледаат на прв поглед. Вниманието, поддршката или едноставно доброто чувство можат да бидат работи во кои таа жена ќе се заљуби.

loading...

КОМЕНТАРИ