White Ivy 2018 by Antonija Ristovska Bride

Новата колекција венчаници White Ivy 2018 е создадена со инспирација од тоа што идните невести најмногу го сакаат: софистицираност, гламур, единственост и доза на романтика. Инспирирана од винтиџ модата и посакуваниот ретро стил, во создавањето на новата колекција ја пренесов ретро нишката и и дадов младешки призвук и урбана нота. Раскошот од богати везови изработени од бисери, кристали и мониста на материјалите го будат чуството на единственост и гламур, а воедно богатите текстури и слоевитоста на материјалите и понатаму ја задржуваат леснотијата при носење на венчаницата.

Пред објективот на Ани и Дими Фотосесијата ја напрвивме со Сара Цветанова и Сандра Цветкова од Модната агенција МОделс ин. во амбиентот на  Хотел Александар Палас.

Фризура Дарко Петковски од Hair Hause, Шминка Васе Доковски.

Колекцијата ке биде претставена на Саемот за венавки -Реци да- кој ке се одржи на 09.10. декември во Хотел Crowne Plaza во Белград.

loading...

КОМЕНТАРИ