ВРИЕ ПОЛИЦИЈА: Семејството вознемирено- Што се случува на јахтата на Роналдо? (ФОТО)

Вооружени цариници и специјални агенти денес се забележани на јахтата на Роналдо на која фудбалерот веќе неколку денови се одмора заедно со својада девојка и семејство.

Ѕвездата на Реал Мадрид веќе неколку денови е на одмор на својата приватна јахта заедно со својата девојка Георгина Родригез како и потесното семејство и децата.

Денес семејството на Роналдо било принудено да ја напушти јахтата, откако дошла ненајавена инспекција и побарала јахтата да биде целосно пребарана и „исчешлана“.

Оваа постапка на полицијата доаѓа откако претходно во медиумите излегоа информации дека Роналдо ќе биде судски гонет за даночна проневера во период од неколку години.

loading...

КОМЕНТАРИ