Вредноста на позитивното размислување

Можете да бидете здрави и среќни, можете да заработите и богатство, моќта ја имате во себе и таа е неограничена. Но морате да решите дали сте подготвени да ги прифатите и да ги користите принципите на позитивното размислување, а со тоа ќе добиете и вистински животни богатства. Изборот е ваш и само ваш!

Оптимизмот е ментална навика. Таа навика можете да ја создадете и со тоа значително да ги зголемите шансите за постигнување успех. Оптимизмот претставува една од најважните особини на успешната личност.

Тој во многу произлегува од другите особини-добра смисла за хумор, надеж, способност да се надмине стравот, задоволство, позитивен ментален став, приспособливост, ентузијазам, верба и решителност.Наместо да се грижите за лошите работи кои би можеле да се случат, секојдневно поминувајте неколку минути набројувајќи ги оние добри работи кои ќе ви се случат наредниот ден, наредната недела, наредниот месец или година.

Дали негативниот ментален став ви стои на патот на успехот? Ако е така време е да го промените. За негативно настроената личност нерешлив е кој било проблем или препрека. Позитивната личност не само што наоѓа начин да ги совлада проблемите туку истите ги претвара врз основа на успехот. Позитивниот ум привлекува можности за успех додека негативниот ум ги одбива, а ако и се појават не успева да ги искористи.

Негативниот ментален став е проследен со страв , нерешителност , сомнеж, одолговлекување и бес, а тие ги одбиваат луѓето и поволните можности.

Позитивниот ментален став има верба, ентузијазам, самоиницијатива, самодисциплина и копнеж, кои ги привлекуваат луѓето и поволните можности. Како да се одржи позитивниот ментален став ? На тој начин што ќе се сконцентрирате на можните делови на планот или на целта, а ќе одбиете да ги прифатите оние невозможни делови на секој план.

Вашиот ментален став постојано наидува на крстосници во животот. Може да се насочи по патеката на успехот или по патеката на неуспехот. Решителен фактор, за успехот или неуспехот, кој одредува дали ке бидете наградени со мир или казнети со очај е начинот на кој го насочувате сопствениот ум. Менталниот став во голема мера го одредува нашето место во животот, успехот што го постигнуваме, пријателите што ги имаме, како и нашето идно поколение.

Поетот В.Е.Хенли мора да ја разбрал оваа голема вистина кога напишал: ” Јас сум господар на сопствената верба, јас сум капетан на сопствената душа”.

Ние навистина можеме да станеме капетани на својата судбина, доколку богатството на умот го насочиме кон крајната цел во блиска соработка со луѓето кои имаат позитивен ментален став и кои ве охрабруваат да мислите и работите позитивно и на сопствениот ум постојано да му давате точни упатства за тоа што да привлечите во вашиот живот.

Во вас живее заспан џин кој можете да го наведете да направи што и да посакате. Кога едно утро ќе се разбудите на бранот на успехот, ќе се чудите како порано не сте откриле дека сте имале се што ви било потребно за постигнување успех.

loading...

КОМЕНТАРИ