Видео како се журка министерот за земјоделие Љупчо Николовски на турбо-фолк

Министерот за земјоделие,Љупчо Николовски, викеднов се забавуваше во еден скопски ноќен клуб, објави порталот ЗаСе.мк

Порталот напоменува дека законот за пушење цигари не важи ако сте на маса со министер.

Разигран на песни од популарните српски пејачи Саша Ковачевиќ и Аца Лукас, министерот Николовски се забавувал со пријателите во еден скопски клуб.

Не е само Ковачевиќ по мерак на Николовски, викендов тој бил и на концертот на балканската ѕвезда Жељко Јоксимовиќ.

Видео снимките и фотографиите на министерот кои ги објави порталот ZaSe.mk биле испратени од анонимен гостин во локалот.

loading...

КОМЕНТАРИ