Уште оваа сезона и моќниот тим на ЖРК Вардар заминува во историјата (видео+фото)

Македонскиот шампион, ЖРК Вардар и против Будуќност ја продолжи перфектната сезона во ЛШ.

Тие ја играат својата најдобра сезона во ЛШ и веќе имаат 9 победи на 9 средби сезонава.

И против Будуќност славеа на домашен терен убедливо со 31-24 и ја продолжија победничката серија.

Но, ситуацијата за следната сезона на е најдобра. На сите ракометарки им е кажано дека можат да си побараат нови клубови.

ЖРК Вардар ќе прави нов проект во кој ќе работи на создавање на тим од ракометарки родени 2002 и 2004 година. Тие треба да бидат иднината и да го крене нивото на репрезентацијата.

Од нив се очекува да бидат и во составот на националниот тим за Европското првенство во 2022 година на кое Македонија е домаќин.

За сега е непознато дали ќе си заминат сите или само дел од странските ракометарки и останува да се види колку ракометарки од школата на Вардар ќе добијат шанса во првиот тим.

Заминуваат Лејно, Лекиќ, Пенезиќ оди во пензија, Лакрабер, Радичевиќ…

КОМЕНТАРИ