Тотенхем се засили со бразилски репрезентативец – Доаѓа од ПСЖ! (видео+фото)

Бразилецот ги напушти редовите на ПСЖ и замина на Островот. И двата клуба постигнале договор и екс играчот на ПСЖ се пресели во Лондон за 28 милиони евра.

Бразилецот пристигна во Лондон, и ги мина медицинските прегледи. Потпиша повеќегодишен договор со петлите.

Станува збор за Лукас Моура, кој во ПСЖ дојде пред 5 години од Сао Паоло за 38 милиони ера, и во 229 настапи за тимот од Париз постигна 46 погодоци и 50 асистенции.

Освои 13 титули од кои четири во француското првенство, а оваа година во сите натпреварувања собра вкупно шест настапи, во кои одигра само 80 минути.

За бразилската репрезентација одигра 36 натпревари и постигна 4 гола.

КОМЕНТАРИ