Струмица ја живее магијата на светските готвачи

Струмица ги живее деновите на светското кулинарство!

Денес е првиот натпреварувачки ден од Интернационалниот Гастрономски Натпревар – ГастроМак Македонија 2017, кој што започна со одмерување на готвачките магии на врвните шефови на кујни од триесетина држави од светот во неколку категории.

Пријавенот број на натпреварувачи ги надмина сите очекувања на организаторот, Асоцијацијата на готвачи на Македонија, ГастроМак, со логистичка поддршка на WACS, Светската Светската организација на шефови на кујни.

Централната сала во струмичкиот хотел Вила Парк од рано утрината врви од натпреварувачи и судии од Монголија и Русија, до Израел и Кипар. Денес, на натпреварувачката програма, која што ќе трае до еден час по полноќ, се приготвувањата на топли и студени јадења, изложбата на торти, како и карвинг – уметноста на “резбарење” на фигури од овошје и зеленчук. Во исто време, во едукативниот дел, десетина експерти со Master Chef титулата одржуваат Мастер класови на разни теми.

“Ова е навистина извонредно! Многу судии и натпреварувачи од многу земји од светот, врва организација и одлично подготвени јадења. Воодушевен сум од Македонија и Струмица, гостопримство какво што може само да се замисли, но и прекрасна храна. Од сè срце можам да кажам дека Македонија ја заслужи оваа Манифестација”, изјави Џорџио Дијана, Master Chef и амабасадор на WACS.

Натпреварувањата ќе се продолжат и во следните два дена, а главните награди и големото Град При за најдобрите ќе бидат доделени на свечената церемонија на 27 октомври, вечерта.

Манифестацијата е од отворен карактер и заинтересираните можат да ја посетат во било кој дел од денот.

loading...

КОМЕНТАРИ