Сонце и облаци уште денеска – Од утре и за викенд голема промена на времето (фото)

Времето во Македонија денеска ќе биде умерено облачно, со слаб локален дожд во претпладневните часови, а попладне облачноста ќе се намалува, информира УХМР.

На планините ќе има слаб снег, а дневната температура ќе се движи меѓу 3 и 15 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Дневната температура ќе достигне до 13 Целзиусови степени.

Утре во утринските часови уште ќе има локален слаб дожд, на планините слаб снег. В петок ќе има преодно стабилизирање на времето.

Нов влажен и постуден бран со врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег ќе има за време на викендот, а пообилни врнежи ќе има во сабота.

КОМЕНТАРИ