Со години не примал плата: Го исфрлиле од автобус бидејќи немал пари за карта, дошол на работа – и се обесил поради бедата

Работник во фабриката “Гоша” од Смедеревска Паланка, се обесил бидејќи повеќе не можел да ја издржи сиромаштијата. Со години не примал плата, работодавецот не му уплаќал пензиско и здравствено, а дома имал болен син и неподвижна мајка.

Работникот на фабриката “Гоша” од Смедеревска Паланка, 56-годишниот Драган Младеновиќ, во четвртокот бил пронајден мртов на работното место. Се обесил бидејќи повеќе не можел да го трпи животот во немаштија. Според зборовите на неговите колеги, го “докрајчило” тоа што не може да им помогне на болниот син и мајка.

Не примиле плата со години Драган ден претходно не се вратил дома од работа, па кога пристигнале колегите во фабриката одлучиле да го бараат на мобилен телефон. Кога слушнале дека ѕвони од фабриката, одлучиле да го побараат и Драган.

Го пронашле машинскиот оддел, местото каде одлучил да ги скрати повеќегодишните маки. “Луѓе, ни не примаме плата со години, примаме некоја мизерија, 20,30 проценти и тоа кога-како. Вакво нешто, за жал, можеше да се очекува. Драган сам се грижеше за болниот син откако сопругата му починала пред 13 години.

Се грижеше и за болната мајка, а здравјето го напушташе и него. А пари од никаде. Па кој ќе издржи?”, вели еден од работниците кои се собрале пред фабриката.

Директорот избегал заедно со полицијата “Нема да им направиме ништо, не мора да бегаат. Бараме само одговор, дали вакво нешто мора да се случи за јавноста да дознае за нашите страдања и маки”, рекол еден работник за српски Blic.

Словакот Иван Хеимшлид, директор на компанијата која била приватизирана во 2007. година, не ги почекал. Заедно со полицијата, која бил во фабриката поради увид, ја напуштил истата кога работниците се собирале.

loading...

КОМЕНТАРИ