Швеѓаните смислиле начин како бесплатно да го згреете домот

Некои се греат на дрва, некои на плин, а некои на компјутери. Различни се начините на кои се грееме за време на студените месеци, но сепак, Шведска е дефинитивно пред времето.

Познато е дека Швеѓаните се еколошки и технички напредна нација. Но, нивниот најнов технолошки проект ги изненади сите и е сигурно голем новитет во еколошките технологии. Имено, во еден дел на Стокхолм, во населбата Скарпнак, се гради голема база на податоци.

Сите кои поседуваат компјутери знаат колку тие се загреваат, но сигурно на никого не му паднало на памет дека таа енергија може да се искористи за греење на домаќинствата. Швеѓаните се сетиле на тоа и со топлотната енергија на компјутерите ќе се загреваат околу 30 илјади домаќинства.

Целиот проект го води компанијата „Фортум“, а според нивните предвидувања, компјутерите во иднина би можеле да греат повеќе од 10 проценти од куќите и зградите. Од таа причина и од градските власти одлучиле дека во Стокхолм се потребни повеќе компјутерски центри.

Главниот град на земјата чиј слоган е „во чекор со времето“, со ова ќе стане уште повеќе еколошки напреден.Тие веќе некое време дел од топлината го добиваа и од отпад, пишува Факлултети.мк

loading...

КОМЕНТАРИ