Рецепт за брза бадникова погача – паричката ќе донесе бериќет

Направете вкусна погача за големиот Христијански празник Бадник, кој се поминува во кругот на семејството.

500 гр брашно
25 гр квасец
50 гр масло за јадење
250 мл топла вода
сол
шеќер

Квасецот го ставаме во сад со топла вода, ставаме сол и шеќер во садот, па лажица брашно, и се остава вака за да нарасне.
Во голем сад ставете ги брашното, маслото и нараснатиот квасец, па додавајте ја водата и замесете тесто
Откако убаво ќе го замесите тестово, се остава да нарасне околу 45 минути.
Поделете 4 топки од него, расукајте ги на работната површина, па ставете едно во тава, премачкано со масло.
Од второто расукано топче направете форма како триаголник, така и од третото и четвртото и ставете ги одозгора премачкани со масло.
Не заборавајте да ставите паричка завиткана во фолија.
Печете околу 40 минути во загреана рерна на 200 степени.

Извор: Готви.мк

loading...

КОМЕНТАРИ