Познато е кога излегува новиот албум на Тоше Проески (видео+фото)

Завршен е четвртиот постхумен албум на Тоше Проески насловен како „Secret place“ на кој ќе има 10 песни испеани на англиски јазик, најавија претставниците на фондацијата „Тоше Проески“.

Се подготвуваат и три видео записи за три песни од овој албум, едниот е снимен во Македонската филхармонија, вториот во студио, а третиот во Крушево.

Во согласност со Министерството за култура е планиран и голем концерт на кој ќе биде промовиран овој носач на звук.

Албумот е изработен во студиото на англискиот продуцент Енди Рајт, а концертот се очекува да се одржи кон крајот на април или почетокот на мај во ВИП арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Во англиската верзија на албумот една од песните е на внукот на Тоше, Кристијан Ристевски, што тој му ја посвети на својот вујко, за која исто така ќе биде снимен видеозапис.

Ова го најави Андреј Николовски, претседател на фондација „Тоше Проески“ на манифестацијата што се одржа пред неколку дена во Крушево, по повод одбележувањето на 37-от роденден на нашата музичка ѕвезда.

Сите овие активности се дел од проектот „Деценија без Тоше“, кој почна минатата 2017 година.

КОМЕНТАРИ