Познати скопски телевизии остануваат без лиценци за работа – Уште 15 дена имаат рок! (фото)

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги започна постапка за одземање на дозволата за работа на неколку познати скопски телевизиски куќи.

Станува збор за телевизијата Алфа, ТВ Сонце, Радио Слободна Македонија и Сител 3, потврдија за БИРН од Агенцијата.

Овие ТВ станици немаат платено за годишните дозволи за радиодифузна дејност.

Откако ќе се почне постапката, радијата и телевизиите кои немаат платено, добиваат рок од 15 дена, а доколку не платат во тој рок, им се одзема дозволата за работа.

Алфа телевизија треба да плати 3,5 милиони денари, а уплатила помалку од третина од сумата, односно 1 милион денари.

„Согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Советот е должен да почне постапка за одземање на дозволата на секој радиодифузер кој нема да ја плати фактурата за радиско или телевизиско емитување во рок од 30 дена од денот на добивање на фактурата.

,,Откако ќе се почне постапката, на радиодифузерите им се дава рок од 15 дена да ги подмират обврските“, вели директорот на АВМУ Зоран Трајчевски.

Инаку ААВМУ денеска треба да расправа за одземање лиценци на уште 17 радиодифузни куќи исто така поради неплатен надомест за дозволата за емитување.

КОМЕНТАРИ