Повторно „ФЕНИ“ и пак ли манипулации со судските власти?

Ниту пари ниту понуда од бугарски „Енекод“ фирмата параван на Кунико Ресурсис.

Денеска во Основниот Суд во Велес беше закажано рочиштето на кое требаше да се одлучува за стечајната постапка за Кавадаречки „ФЕНИ“. Наспроти очекувањата дека со започнување на стечајна постапка ќе почне реструктурирање на фабриката и со тоа проблемот за месец и половина до два ќе биде решен, потенцијалниот бугарски инвеститор кој до денес имаше можност да достави нова и подобрена понуда одлучи да го кочи целиот процес на тој начин нанесувајќи штета директно на вработените и на сите доверители кои имаат огромни побарувања од „ФЕНИ“. Наместо пари за доверителите, бугарски „Енекод“ и понатаму продолжува да креира отстапница за раководството на „ФЕНИ“ против кого се поднесени кривични пријави за организиран криминал од повеќе субјекти меѓу кои и финансика полиција.

Вработените во „ФЕНИ“ на ова гледаат како манипулација и игра со нивните животни судбини. Тие и претходно предупредуваа дека бугарски „Енекод“ е само параван кој треба да им обезбеди лесен излез на сопствениците и менаџментот на „ФЕНИ“, групацијата Кунико Ресурсис, земајќи предвид дека токму тие ја доведоа фабриката во колапс, со презадолжување, неисполнување на обрските, а притоа остварувајќи личен профит и богатење на нелегален начин.

Ваквите обвинувања на вработените се покажаа како целосно вистинити. Пред речиси две недели, БСГР-малцинскиот сопственик на Кунико Ресурсис, а со тоа на кавадаречки „ФЕНИ“ излезе со соопштение дека покренува кривична постапка против раководството на „ФЕНИ“, а конкретно генералниот директор Јусуф Миракхмедов, теретејќи го за криминални активности и тоа злоупотреба на службна должност и положба, измама, злосторничко здружување, оштетување или привилигирање на доверители, измама од големи размери со цел на стекнување имота корист за себе или други лица.

Кривичната пријава ги вклучува и сопственичката на „Нова Логистика“ претходно менаџерка, а сега сопственичка на истата фирма, која претходно била сопственост на „ФЕНИ“, Надица Атанасова-Кабранова, како и Амир Абед и Џереми Неадс за овозможување и потпомагање на овие криминални дејствија.

Ден потоа, со кривични пријави против директорот Јусуф Миракхмедов за проневера на речиси 80 милиони евра по разни основи излезе и финансиска полиција, која го терети директорот за злоупотреба на службена положба и должност, а заедно со „Нова Логистика“, бугарски „Енкекод“ и фирмата „Ролис“ се теретат за организиран криминал. Финансиска полиција информираше дека директорот Јусуф Миракхмедов ја напуштил државата на 29 октомври годинава, и дека ќе бараат меѓународна помош за негово пронаоѓање.

Најново на денешното рочиште во Велес, покрај 60. милиони евра долгови спрема доверители, излезе дека „ФЕНИ“ има уште 5.5 милиони евра долг и кон УЈП, со што долгот на компанијата дополнително се зголеми и тоа и спрема државата.

Претседателот на СИЕР, Пеце Ристевски изјави дека целта на денешното барање за одложување од страна на „Енекод“ е да извлече поповолна позиција за под притисок да се откажат другите заинтересирани инвеститори за тие да можат да го добијат „ФЕНИ“ за себе, иако претходно и банките информираа дека „Енекод“ воопшто не ги исполнува критериумите односно нема капацитет да застане позади фабрика како „ФЕНИ“. Ристевски исто така подвлече дека неможе бугарски „Енекод“ да се презентира како сопственик кога не превземал никаква обврска кон компанијата. Со ваквата изјава уште еднаш се потврдуваат сите обвинувања и сомневања за нечистата игра на „Кунико Ресурсис“ преку новниот параван, бугарскиот „Енекод“./Pr

loading...

КОМЕНТАРИ