Почеток на новата летна сезона овој петок во ЕПИЦЕНТАР со Kim Ann Foxman

Клубот Епицентар успешно ја заврши својата прва, зимска сезона исполнувајќи ја главната задача – да ја збогати музичката и клупска култура во државата. Сега клубот се наоѓа пред нов предизвик.

На 14ти јули, петок, координатите ќе бидат поместени на нов простор, каде ќе можеме во летна атмосфера, на отворено да уживаме во најсовремените електронски звуци.

Епицентар ќе го отвори светски познатата DJка, продуцентка, пејачка и сопственичка на издавачката куќа Firehouse, Kim Ann Foxman.

Нејзиниот прв настап во Скопје, во 2015та остана запаметен како една од најдобрите зимски забави. Kim дефинитивно припаѓа на една нова генерација DJ-и и продуценти кои го чуваат звукот на Brooklyn, NY и Chicago жив и моќен.

Таа е родена на Hawaii и по завршување на средното образование се запишува на школа за дизајн на накит во San Francisco. Пред 10 години се сели во NY каде се запознава со Andy Butler водачот на neo-disco и house бендот „Hercules and Love affair“. Глобалниот успех на бендот не бил предвидлив на самиот почеток, со што двајцата ќе се најдат во многу тежок и период полн настапи во живо, снимање албуми и постојано патување на долги дестинации. По три големи турнеи Kim решава да се посвети на продукција и формирање на сопствен дискографски бренд со кој може да ја претстави својата визија на современата house музика. Па така, настанува Firehouse recordings, куќа која има огромно влијание врз „самодовербата“ на најмладите продуценти кои создаваат house и acid музика.

Kim Ann Foxman апсолутно одговара на визијата на клубот Епицентар, а тоа е погледот кон иднината на современата електронска музика, со огромна почит кон багажот кој оваа област го носи низ 30 годишното постоење, како глобален феномен.

Новите координати ја означуваат новата позиција на клубот во Градскиот Парк, а Епицентар ветува прекрасни летни забави и музики во новиот простор.

https://i-d.vice.com/en_gb/article/julius-interview-tatsuro-horikawa

loading...

КОМЕНТАРИ