По 21 година Арсен Венгер заминува од Арсенал – Ова е неговиот наследник! (фото)

Францускиот стратег Арсен Венгер би можел да си замине уште на крајот од оваа сезона од тимот на Арсенал.

Веќе се и името на наследникот на Арсен Венгер на кормилото на лондонскиот клуб. Станува збор за звучно име од тренерските води кои има шампионски титули од најдобрите европски шампионати.

Тоа е италијанскиот стратег Карло Анчелоти кој моментално е без ангажман по отказот во Баерн Минхен пренесуваат италијанските медиуми.

Раководството на ,,топџиите,, донело одлука францускиот стратег да си замине од клубот на крајот од оваа сезона, по 21 година мината на клупата на Арсенал.

Карло Анчелоти веќе ги договорил и условите со Премиерлигашот каде ќе заработува десет милиони евра годишна плата.

Анчелоти има титули во кариерата во Италија со Милан, во Франција со ПСЖ, во Германија со Баерн Минхен, во Англија со Челзи и во Шпанија со Реал Мадрид.

loading...

КОМЕНТАРИ