Овој тим ја победи Барселона по пауза од 9 години! (видео+фото)

Каталонскиот клуб Барселона, доживеа пораз на гостувањето кај својот градски ривал во првиот натпревар од 1/4 финалето од шпанскиот куп.

Тимот на Еспањол славеше против Барселона во градското дерби со 1-0. Ова за Еспањол е прв триумф против Барселона по пауза од девет години.

Последен пат Еспањол ја имаше победено Барселона во 2009 година. Лионел Меси не реализира пенал во 62.минута, а казната стигна во 88.минута кога Мелендо го постигна победничкиот гол за домаќините.

На другите два натпревара, Севиља го совлада Атлетико Мадрид на гости со 2:1, додека Валенсија со истиот резултат беше поуспешна од Алавес на свој терен, а Реал Мадрид го победи Леганес нагости со 1-0.

Инсерти од мечот…

КОМЕНТАРИ