Немате идеја за ручек? – Еве одличен и брз предлог рецепт (фото)

Овој рецепт за ручек е одлично решение за луѓето кои немаат многу време за готвење, a сакаат да уживаат домашната кујна.

Состојки:

6 – пилешки копани
125 грама – шампињони
230 милилитри – супа
100 милилитри – суво бело вино
80 милилитри – павлака
2 лажици – сенф
30 грама – путер
10 грама – масло
3 чешниња – лук
мајчина душица
сол и бибер

Начин на подготовка:

1. Загрејте тава на оган и додадете го путерот, а потоа и маслото
2. Копаните исушете ги со салвети, испржете ги во тава, а штом станат златно-кафеави, тргнете ги од тавата
3. Исечете ги печурките на четвртини и испржете ги во истата тава
4. Додадете го лукот и белото вино
5. Додадете ја супата и сенфот, почекајте да зоврие и додадете ја и павлаката
6. Гответе го сосот 10-15 минути за да се згусне, а потоа додадете сол и бибер
7. Истурете го сосот во тава за печење така што ќе покрива најмалку 3cm во висина од дното
8. Наредете ги пилешките копани во тавата и ставете малку мајчина душица.
9. Се пече 15-20 минути на температура од 180°C.

Добар апетит!

КОМЕНТАРИ