Најава за нови и модерни патарини – плаќање по километар

Во интервју за МИА, директорот на ЈП за државни патишта изјави дека до крајот на следната година се очекува да заврши инсталацијата на системот за електронска наплата на патна такса и модернизацијата на патарините долж Коридорот 10, почнат уште во 2014 година.

Китанов смета дека сегашните цени на патарините не треба да имаат корекции и покрај коментарите на граѓаните дека плаќаат многу, а возат по руинирани патишта. Треба да се има предвид и тоа, посочува, дека дел од граѓаните се возат,  а не плаќаат и ќе мора да се стави плаќање и на излез.

– Во  патарините имате затворен и отворен систем. Сега ако се возите од кај Гевгелија и на крстосницата кај Неготино – Кавадарци свртите за Прилеп не плаќате ништо. Сега таму ќе поставиме патарина, возењето  да се плати пресметано за минатата километража. Така е на Запад, изјави за МИА Китанов.

loading...

КОМЕНТАРИ