Луди идеи кои заработиле милиони

Благодарение на Интернетот, многу луѓе лесно ги промовираат своите необични идеи. Постојат дури и веб-сајтови на кои тие собираат пари со цел да го финансираат нивниот проект. На оваа листа ќе најдете некои од најневеројатните примери за некои од овие идеи и производи.

1. Тоалетна школка што свети

Со IllumiBowl 2.0 никогаш нема да ја утнете тоалетната школка, дури и во темница. Светилката која може да се инсталира на која била тоалетна школка има мал сензор за движење кој ја вклучува веднаш штом ќе влезете во тоалетот. Идејата собрала 226.000 долари за реализирање.

2. 100 балони полни со вода за помалку од 1 минута

За оваа идеја креаторите успеале да соберат 929.160 долари. Со Bunch O Balloons можете да наполните 100 балони со вода за помалку од една минута.

3. Салата од компири

Потребни се малку пари за да направите салата од компири, но Зек Браун добил луда идеја и почнал да собира финансии за неа. Целта му била да докаже дека секој може да собере пари без разлика колку луда и бескорисна е неговата идеја. Зек успеал да собере повеќе од 55.000 долари од речиси 7.000 луѓе.

4. Мала преносна тастатура

MaKey MaKey Go изгледа како обично УСБ, но е многу повеќе од тоа. Оваа направа може да го претвори секој предмет кој е електричен проводник во мала тастатура. Земете што било, парче пица, краставица или банана. Идејата навистина им се допаднала на луѓето, па креаторот успеал да собере речиси 200.000 долари за нејзина реализација.

5. Автоматска четка за заби

Amabrush е иновативен изум кој ги четка вашите заби за само 10 секунди. Кога ќе ја ставите направата во уста, таа ги чисти сите заби истовремено. За помалку од 1 месец, луѓето инвестирале 3 милиони долари во оваа идеја.

6. Тавичка за Пи пита

Гарет Хит отсекогаш сакал пити во форма на Пи, па решил да собери пари за да направи таква тавичка. Љубителите на пита му помогнале да собере 17.500 долари и да го оствари својот сон.

8. Палто-мечка
Еден од најдобрите примери за непрактично собирање пари е палтото Griz Coat. Тоа е направено од вештачко крзно, има капа во форма на мечкина глава и ракавици во форма на канџи. На креаторите им биле потребни 2.500 долари да го започнат проектот, но успеале да соберат над 29.000 долари.
9. Картичка која не престанува да свири
Оваа картичка изгледа како и секоја друга, па можеби нема ни да ја забележите. Но, откако ќе ја отворите, таа никогаш не престанува да свири. Дури и ако ја затворите или ја навлажните, таа ќе продолжи да свири уште 3 часа. Креаторот сакал да собере 7.500 долари, но успеал да собере над 92.000 долари за овој изум.
10. Најубавиот календар со мачки
Во 2014 година, Кејт Фанк и Бренан Грох решиле да го создадат „Најневеројатниот календар со мачки“. Тие успеале да соберат над 25.000 долари од донации, па календарот се произведува секоја година.
11. Четка за „лижење“ на вашата мачка
Ова можеби не е најуспешниот проект и е навистина чуден. Четката LICKI била создадена со цел да ја „бањате“ вашата мачка додека си играте со неа. Луѓето донирале 52.000 долари за реализирање на оваа идеја.
12. Единствената долна облека која им е потребна на мажите
Оваа револуционерна технологија била направена со цел мажите да се чувствуваат што е можно поудобно. Во оваа долна облека има многу повеќе место за „сè“ отколку во обичната долна облека. Проектот собрал повеќе од 141.400 долари од донации.
loading...

КОМЕНТАРИ