Лек за пушачите – Овие намирници ги враќаат белите дробови во живот (фото)

Постои начин преку внесување на храна да се поправи штетата која е предизвикана со пушењето цигари.

Белите дробови се многу комплициран орган и поради тоа ракот на белите дробови е пеколна болест.

Меѓутоа, новото истражување на научниците од „Johns Hopkins“, школа за јавно здравје, се тврди дека можеме да го забавиме опаѓањето на функцијата на белите дробови, на тој начин што секој ден ќе внесуваме два домати и три порции јаболка.

Ова ќе функционира само ако овие производи ги консумираме свежи, а не конзервирани.

Истражувањето ги следело функциите на белите дробови кај повеќе од 650 возрасни лица во 2002 година, а тестот бил повторен 10 години подоцна.

Учесници од Норвешка, Германија и Велика Британија исто така пополниле прашалник, кој се однесувал за нивните навики во исхраната, а им бил измерен и капацитетот на белите дробови.

Резултатите покажале дека оние кои често јаделе домати и јаболка имале значително побавно опаѓање на функциите на белите дробови во овој десетгодишен период.

Научниците нагласуваат дека оваа храна може да ја поправи и штетата настаната од пушење.

loading...

КОМЕНТАРИ