Кандидатите за градоначалник на Охрид од ВМРО и СДСМ се гушнаа (фото)

Нецели 15 минути ги делеа кандидатите од советничките листи на најголемите партии во Охрид:

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ од нивните прес конференции кои денес беа закажани на истото место, на плоштадот кај стариот Чинар, јавува Охрид24.

На паузата меѓу двете прес конференции, двата табора се сретнаа кај фонтаната на плоштадот кај Чинарот и културно се поздравија, а на една фотографија која ја сними објективот на Охрид24.

Може да се види прегратка меѓу д-р Кирил Пецаков, носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ, проф. д-р Јован Стојаноски.

Секоја чест за двајцата кандидати, треба да се пример за сите останати во Македонија.

Овие избори до сега се бележат со голем број инциденти, обиди за убиство, насилство и еден застрелан и убиен кандидат за градоначалник на Кичево.

Погледнете ја фотографијата, направена од локалниот портал Охрид24:

 

loading...

КОМЕНТАРИ