Измамен пар од Македонија за туристичко патување од македонска агенција

Наместо да се одморат, туристите од Македонија во Тајланд се во шок. Сите трошоци за патување преку агенцијата Одморисе.мк се неплатени. Туристите им платиле се на агенцијата но тие не го подмириле аранжманот. Во моментов патниците самите се снаоѓаат и повторно плаќаат, додека од сопственикот на агенцијата Одморисе.мк нема ни трага ни глас.

„Навистина бевме среќни што отпатувавме во Тајланд, Пукет. Имавме аранжман од 11 дена во Пукет и 2 дена во Бангкок. Уште на почетокот ваучерите ни доцнеа, по сите молби по телефон, ни ги достави ден пред патување иако средствата целосно му беа исплатени скоро две недели однапред. Самото пристигнување во хотелот беше шок, на уплатена соба со појадок и вечера, ни соопштија дека аранжманот е откажан. Некако добивме соба, но не и полу пансион. Сопственикот на агенцијата Ненад Марковски до денеска не лаже дека ќе ги уплати парите во целост за полу пансионот. Утре патуваме за Бангкок, па проверивме и за сметсувањето таму. Хотелот во Бангкок е откажан поради тоа што не е платен, истото важи и за авионските билети, повторно сами си купивме. Денеска сме во шок, а сопственикот не можеме да го добиеме, не ни одговара на телефон, а сега и е целосно недостапен. Директно медиумски го прашуваме зошто се крие и бараме да не обештети“ потенцира Кристина Н. од Скопје.

Се поставува прашањето, до кога ќе се толерира ваквото однесување на сопствениците од агенции кои навремено не ги исплаќаат хотелите туку клиентите дупло плаќаат.

loading...

КОМЕНТАРИ