Интровертност – изложба на фотографии од Влатко Деков

Concept 37 и Paratissima Skopje започнуваат со серијата колаборативни настани на кои ќе се презентираат делата на домашните уметници. Започнуваат со изложбата на фотографии наречена Интровертност од Влатко Деков на 13ти октомври, петок во 20.30 часот, на локација во кафулето Концепт 37.

„Денешниот свет ги фаворизира екстровертните луѓе. Креиран е според нивни норми и воопшто не е сензитивен за луѓето кои не се гласни, кои не зборуваат со секого за своите чувства, кои не се експонираат во јавноста, за луѓето кои најпрво чувствуваат, а потоа преземаат акции. „Интровертните луѓе“, е темата на оваа серија фотографии настаната летото 2016-та и 2017-та, во ретките моменти кога и самиот сум се идентификувал како инторвертна личност.

Станува збор за мал личен придонес во претставување на светот на интровертните луѓе, фотографии снимени во неколку европски градови, но претежно на португалските плажи, некаде помеѓу Лисабон и Порто. Светот не е едноличен. Светот се чувствува и на друг начин“ вели Влатко Деков. Сите љубители на фотографијата изложбата ќе можат да ја посетат до 23ти октомври.

loading...

КОМЕНТАРИ