Има среќа – Новак Ѓоковиќ доби противници за мерак на Австралија опен…Еве кои се (фото)

Новак Ѓоковиќ имаше многу среќа на ждрепката за гренслемот Австралија Oпен.

Србинот, е 14-ти носител, а со Надал може да се сретнe само во финалето, додека евентуална пресметка со Федерер е можна само во полуфиналето.

Надал, турнирот ќе го отвори против Бургос, а на неговиот пат се наоѓаат Мајер, Џумхур, Иснер и Чилиќ.

Бранителот на титулата, Роџер Федерер, во 1. коло ќе игра против Бедене, во второто коло со Штруф, а прв од носителите е пресметката со Гаске. Во осмина-финалето можни противници му се Раониќ или Квери, потенцијален ривал во четврт-финалето му е Гофин, но тука се наоѓаат и Дел Потро, Бердих и Фоњини.

Ѓоковиќ во првото коло ќе игра со Јанг, во второто коло најверојатно ќе игра против Монфилс, а потенцијален ривал во третата рунда му е Рамос.

Првиот Грендслем во сезоната се игра од 15 до 28 јануари, кај мажите титулата ја брани Федерер, додека во женска конкуренција Мелбурн ќе добие нова шампионка откако Серена Вилијамс го откажа учеството.

Оваа година наградниот фонд на Австралија опен изнесува 43 милиони и 200 илјади американски долари.

loading...

КОМЕНТАРИ