И тоа се случи – Украдено најскапото шише водка на светот кое чини….. (фото)

Ова шише Водка за кое се тврди дека е најскапото во светот, е украдено во едно кафуле во Данска!!!

Локалната полиција ја истражува кражбата на шишето вотка кое се вика ,,Русо Балтик,, и е најскапото на светот кое чини 1,3 милиони долари.

Непознат човек ја собрал вотката, а се друго оставил недопрено. Инаку ова шише е сочинето од три килограми злато и исто толку сребро.

Сопственикот на кафулето, Брајан Ингберг, кој во барот има 1.200 шишиња вотка, вели дека украденото шише е налик на предница на стар автомобил.

Газдата на кафулето исто така изјави дека вотката не била осигурана, а била позајмена од руски бизнисмен. Полицијата сеуште го истражува случајот и го бара крадецот на оваа скапоцена водка.

loading...

КОМЕНТАРИ