Големо враќање на музичката сцена на поп сензацијата Spice Girls (видео+фото)

Легендарната британска поп група која жареше и палеше во 90-тите години, Spice Girls повторно ќе се обедини и ќе настапува заедно.

Love my girls!!! So many kisses!!! X Exciting x #friendshipneverends #girlpower

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham) on

Тоа го потврдија и членките на овој популарен женски бенд со објавување на заедичка фотографија на Instagram.

„Многу ве сакам сите“, напиша Викторија Бекам под фотката.

Супер е што девојките повторно се собраа, а иднината изгледа „spicy“ (зачинето).

Spice Girls последен пат заедно настапуваа на отворањето на Летните олимписки игри во Лондон во 2012. Со години заедно ги рекламираа нивните производи под брендот Viva Forever, но не настапуваа заедно.

Мел Би, Мел Си, Гери Халивеј, Ема Бантон и Викторија Бекам се собраа во куќата на Гери Хорнер каде позираа заедно.

Love u all so much!!! X Such a great day!! Thank u Simon! X VB

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham) on

Групата и претходно имаше најава да се соедини, но причината беше што Викторија Бекам беше против. Сега не е како го променила мислењето.

Така женскиот бенд е собран и веќе ги договорат деталите околу нивната повторна соработка.

Ова е беше нивниот најголем хит по кој нивната кариера се вивна во облаците….

КОМЕНТАРИ