ГЛЕДАЊЕ НА КАФЕ

А

A – Среќен почеток на нова работа
Аван – Потруди се во работата
Авион – Ќе добиете поклон за кој не се надевавте
Автобус – Колективно патување, екскурзија, службено патување
Автомобил – Среќа
Ајкула – Имате големи желби и амбиции но нажалост нема ни приближно да се остварат
Аков – Успешна работа
Аквариум – Непријатности со саканата особа
Ангел – Среќна средба во куќата / добри вести / голем настан

Б

Баба – Жалост во куќата
Багер – Во наредната недела ќе се решат многу дилеми (Фигурата е сложена и ретко може да се види во шоља од кафе)
Бадем – Залудна работа
Балон – Бидете внимателни, можни проблеми и несогласувања
Бебе – Мали грижи
Бик – Жени: нестрпливо удварање, човек: караница со пријателот
Бор – Важен настам во зима
Боца – Очекувајте добри вести
Брег – Лош предзнак, потешкотии и препреки во остварување на целите
Брод – Успешно патување
Броеви – Играј на тие броеви во лотаријата
Бубачка – Тешка задача ќе се постави пред вас
Букет цвеќе – Трајна љубов / Среќа и задоволство
Букви во талогот – Ќе дојдеш во врска со личност чие што име почнува со таа буква
Бунар – Замка, местенка

В

В – Агресивност, победа
Вага – Во долниот дел: караници во куќата; во горниот дел: успех
Вазна – Достоинство
Верверица – за брзо време среќно случување, среќа
Венец – Смрт
Виолина – Себичност
Водопад – Успех
Вода – Млаз на дното на шољата: големи пари во куќата
Волк – Непријателство, љубомора, можна расправија
Врата – Многу необично искуство / Прилика за успех
Вулкан – Вашите емоции се надвор од контрола

Г

Г – Радост, искреност, јасни мисли
Гавран – Лоши вести
Гајда – Разочарување
Глушец – Кражба, разбојништво
Гнездо – Среќа во фамилијата
Гулаб – Многу важни вести, среќа во коцка
Гуска – Наоѓање добри решенија
Гондола – Патување, романса
Грав – Финансиски проблеми
Грамофон – Задоволство
Гроб – На дното на шољата: смрт во семејството; од страна: смрт во околината

Д

Д – Себичност
Дете – Крштевање, кумство / Финансиска придобивка
Двоглед – Непријатности поради криење на некои тајни
Дим – Судење
Дланка – Проблеми во фамилијата
Дрва – Имаш добри пријатели, желбата ќе ти се исполни / Промени на подобро
Друштво на луѓе – Весел провод

Ѓ

Ѓавол – Добивка на коцка / Знак на незадоволство

Е

Еднорог – Некој потајно ве сака или е заљубен во вас
Есцајг (прибор за јадење) – Караница со жената
Елка – Болест на мајката или бабата
Елен – Ќе се најдеш во друштво со човек на висока позиција

Ж

Жаба – Сплетки околу куќата / Успех поради промена на живеалиште или работно место
Жбун – Пријатно друштво
Жена – Во горниот дел од шољата: среќа ; во делниот дел: љубомора ; гола жена: срамење
Жирафа – Размислете пред да кажете нешто

З

Заб – Зло Зајак – Срамежливост или брзина
Замок – Разочарување, помирување со ситуација
Запчаник – Промена на подобро
Звезда – Среќа / Исполнување на ваша голема желба
Зграда / Објект – Преселба
Зебра – Прекуморска авантура
Зид – Покана за непристојна работа
Зима – Беда, болест
Змија – Внимателно, имате непријатели
Змеј – Исполнување на желба / Коренити промени
Знаме – Ве очекува опасност, подгответе се за судир

И

Играч – Разочарување
Инсект – Ќе имате помалку грижи
Играчка – Жал за детство, носталгија

Ј

Јаболко – Гласови на љубовта
Јавач – Брзи вести
Јајце – Богатство и успех
Јастреб – Можен конфликт со претпоставениот / Судење

К

Канџа – Непријател
Квадрат – Нов дом
Клуч – Успех на започната работа / Отворање на врати, реализација на напорите, успех
Книга – Некој ќе ти се довери
Компас – Патување кој подалечна дестинација
Коњ – Снага, независност / Немате сили започнатата работа да ја донесите до крај
Коњица – Успех во работата
Круг – Очекувајте успех
Круг со точка во близина – Принова во фамилиата
Круг со линија во близина – Вашиот труд нема да биде почитуван
Круша – Финансиска сигурност
Куфер – Ќе добиеш писмо
Куче – Добар и приврзан пријател, верен партнер
Крст – Црн на белата површина: среќа; бел на црната површина: несреќа, смрт
Крива линија – Неуспех
Кругови – Неизвесност
Круна – Голема слава, успех

Л

Л – Бесцелна работа
Лав – Успех на работа
Ланец – Покана за свадба
Леопард – Новости за патување на друго место
Лице – Некој што ве сака се грижи за вас
Лисица – Подмолност, неискреност / Лажен пријател
Лист од детелина – Среќа
Листови од дрво – Солзи
Лонец – Помош од друштво
Лонци – Свадба
Лопатка – Мали грижи, некој ќе ви помогне да ги надминете

М

Медицинска сестра – Болест, хоспитализација
Меч – Некој ќе ти укаже чест
Магаре – Не се надевајте на помош од вашите пријатели
Маска – Опкружени сте со лицемери, непријатели
Месечина – Млада месечина: ќе се омажиш од љубов; полна месечина: добар брак
Мачка – Караница во куќата, несогласување со пријателите
Метла – Успех на работа
Мечка – Добро размислете за нови одлуки
Млада месечина – Религиски повик
Мост – Ќе остраниш непријатност, ќе преминеш преку препреката
Мотика – Финансиска придобивка
Мравка – Одлучност некоја работа да се донеси до успех
Мртовечки сандак – Ќе ти дојде непожелно лице

Н

Наковална – Деловен успех
Наушница – Потребно ви е внимателно објаснување
Нож – Ве очекува некоја опасност, непријателот ви “крои“ нешто
Нога – Малку патување
Нос – Некој се распрашува за тебе

О

Облаци – Се ќе ти биде ведро; ситни облаци: озборување – ретки : пари
Облека – Гостин
Оган – Опасност од брзоплетости
Овошје – Напредок
Овца – Тешка работна задача
Оро – Големо подобрување во животот
Око – Љубомора, завист / Некој сака да ве види
Оџак – Среќа во блиска иднина

П

Палма – Среќни денови во бракот
Пат – Патување
Пајак – Неочекувани пари
Паун – Мил гостин во куќата
Пеперутка – Флерт
Пила – Препреки на работа од своите соработници
Писмо – Пријатен глас / Ве очекуваат добри финансиски денови
Полна месечина – Љубов
Права линија – Напредок без проблеми
Прозорец – Љубопитен сосед
Прстен – Брак
Птици – Пријателство, добри вести
Пчела – Ќе запознаете нови пријатели и ќе чуете добри вести

Р

Рак – Чувајте се од вашите соработници, можат да ви нанесат зло
Рака – Пријателство и фамилија
Риба – Превара / Животот ќе ви биде побогат, посреќен
Рог – Внимавајте на влијанието на лугето во вашата околина
Рогови – Опасност во близина
Ружа – Добро здравје и среќа

С

Санка – Непожелна принова
Сабја – Одликување, почест
Светец – Благосостојба во куќата
Свеќа – Некој ќе ви помогне да успеете
Свештено лице – Напредок, успех
Свиња – Добивка на работа
Скинат прстен – Проблеми во бракот
Слон – Голема добивка / Искрен пријател
Сонце – Успех на запонатата работа, општа сигурност
Срце – Љубов, верување и доверба
Стебло – На пат се промени кон подобро
Стол – Неочекуван гостин
Стопало – Добри вести
Стрела – Среќна и хармонична љубов

Т

Терет – Нови работи
Тркач – Не се обложувај
Топка – Некој кој познавате, а се занимава со спорт – му претстои краток период на среќа а потоа несреќа / Работата повеќе не ви причинува задоволство
Торба – Пред вас е некоја замка, ако торбата е отворена можете да ја избегнете, но ако е затворена нема да можете
Точка во талогот – Бела точка: озборување; црна точка: непријатно писмо; повеќе црни точки: поклон

Ќ

Ќелава глава – Голема љубов

У

Уво – Ќе слушнете неочекувани вести

Ф

Фес – Пријатна званична вест

Х

Харфа – Среќа во животот
Х – Затвор

Ц

Цвет – Финансиска придобивка
Црв – Презир , караница
Црква – Вонредно напредување во се

Ч

Чадор – Оговарање, озборување
Чамец – Ќе останеш вдовица, вдовец / Работните обрврски можете сам да ги средите
Чекан – Грижа
Чешма – Добро здравје
Човек со испружена рака – Поклон
Чорап – Оговарање, озборување

Џ

Џип – Голем успех на работа
Џокеј (Професионален јавач на трки) – Шпекулации

Ш

Шешир – Се ќе ти оди од рака
Шари – Неправилни во дното на шољата – променлива материјална состојба
Шунка – Караница со околината


ЗНАЧЕЊАТА НА БРОЕВИТЕ

1 – Почеток, вест, честитка.
2 – Запознавање, посредување, ќе ве повикаат како сведок на суд.
3 – Ново познанство.
4 – Разговор.
5 – Успех, ќе ви бараат пари на заем.
6 – Штета во вашиот дом, пожар, кражба на автомобил.
7 – Нова љубов (ако седмицата е без црта), обновување на стара љубовна врска која ќе заврши на истиот
начин (ако седмицата е со црта).
8 – Ќе вложите пари кои ќе ви се удвојат.
9 – Почеток на сериозна врска, веридба, брак.
10 – Ќе добиете неочекувани пари.

Back to top button
close