Гласајте за Вашиот фаворит од Талент шоуто на Фестивалот за деца во Skopje City Mall

Детски џагор, среќни лица, весели насмевки и задоволни родители можеа да се видат викендов на Фестивалот за деца во Skopje City Mall. Тридневната програма исполнета со натпревари, Талент-шоу, работилници, LEGO турнири, PS4 турнири, Dance show и многу други активности, создаде весела атмосфера и го исполни трговскиот центар со насмеани посетители.

Во рамки на Kids Festival беше организирано Талент шоу-то, каде се избираа млади фото модели и таленти по пеење, танцување, глума и јутјубери. Фановите на социјалните мрежи ќе можат да гласаат за најдобрите фотомодели или пак за најдобрите видеа со таленти. Гласањето е веќе започнато и ќе трае заклучно со 08.12.2017 23:59. Најлајкуваните 12 фотомодели (6 машки и 6 женски) ќе бидат вклучени во наредните детски кампањи на Skopje City Mall и ќе добијат пригодни подароци, а исто така ќе бидат наградени и најдобрите 6 видеа (по 3 од двете возрасни категории).  За да гласате за Вашите фаворити посетете ја фан страната www.facebook.com/SkopjeCityMall/ и дадете го Вашиот глас (лајк) за фотомодел или талент видео.

Додека децата се забавуваа, родителите ги посетија продавниците во шопинг центарот и го искористија големиот попуст од -20% до -70% кој важеше во 28 продавници за време на фестивалот.

Повеќе информации може да најдете на www.skopjecitymall.mk/kidsfestival, а фотографиите од настанот погледнете ги на https://www.facebook.com/SkopjeCityMall/.

loading...

КОМЕНТАРИ