Германија нуди по 3.000 евра за одбиени азиланти кои ќе се вратат во татковината

МВР на Германија соопшти дека тие кои ги исполнуваат критериумите може да се пријават до 28 февруари, а парите ќе ги добијат откако ќе се вратат

Германските власти планираат да ги поддржат одбиените баратели на азил кои доброволно ќе се вратат во своите земји со еднократна уплата од 3.000 евра.

МВР на Германија соопшти дека тие кои ги исполнуваат критериумите може да се пријават до 28 февруари, а парите ќе ги добијат откако ќе се вратат во татковината.

Според друга програма, на мигрантите кои ќе се согласат да се вратат, пред да им се одбие барањето за азил им се нуди 1.200 евра за возрасен и по 60 евра за дете. Тие сега имаат право да се пријават за двете програми.

Весникот Билд ам Зонтаг објави денеска дека 8.639 мигранти учествувале во програмата за враќање меѓу февруари и октомври оваа година. Во Германија има околу 115.000 одбиени баратели на азил.

loading...

КОМЕНТАРИ