Турлитава http://www.turlitava.com Традиционална закуска од генијални содржини Thu, 22 Feb 2018 17:41:40 +0000 en-US hourly 1 https://wordpress.org/?v=4.9.4 http://www.turlitava.com/wp-content/uploads/2017/08/cropped-1-Logo-100x100-330x330.png Турлитава http://www.turlitava.com 32 32 Скопски пазар ги затвори сите маркети, ќе „живее“ од продажба и издавање http://www.turlitava.com/skopski-pazar-gi-zatvori-site-marketi-ke-zhivee-od-prodazhba-i-izdavane/ http://www.turlitava.com/skopski-pazar-gi-zatvori-site-marketi-ke-zhivee-od-prodazhba-i-izdavane/#respond Wed, 21 Feb 2018 13:23:23 +0000 http://www.turlitava.com/?p=71863 Скопски пазар, компанијата која низ годините стана синоним за маркети и пазари во Скопје и некогашен лидер на пазарот, ги затвори своите СП-маркети и го издава или продава просторот. Преку огласи на веб-страницата на компанијата се издаваат или продаваат атрактивни локали на СП, не само во Скопје, туку и низ другите градови. Последниот таков оглас е објавен на почетокот на февруари.

Што го натера Скопски пазар на овој потег? Компанијата изминативе години прикажа голем пад во добивката и од некогаш важен играч во трговскиот бизнис, стана маргинален играч на пазарот. Наспроти милионските приходи на најголемите ланци маркети, СП од година во година покажуваше сè послаби резултати и потклекна во борбата со конкуренцијата. Во една ваква ситуација, актуелната распродажба и издавање на имотот се чинат како конечна капитулација на СП во борбата против конкурентите.

Во атрактивниот комплекс на компанијата кај пазарчето скопската населба Тафталиџе, некогашниот СП маркет е затворен и заграден. Според информациите, тој простор е веќе издаден на ланецот маркети активен во источна Македонија – Кит-го, кој со него треба да ја започне експанзијата во Скопје. Неодамна беше затворен и маркетот на Скопски пазар во населбата Мичурин. Деновиве таму сè уште стојат ознаките на компанијата, а внатре се оставени рафтовите со некои производи. Во огласите на веб-страницата на СП го има локалот со големина од 120 квадрати, кој се издава за 52.000 денари месечна кирија.

Фирмата продава и издава свои локали и во Битола, Кавадарци, Ресен и Охрид. Од соопштението објавено на сајтот на Македонска берза се гледа Скопски пазар на почетокот на годинава известил дека затвора 10 свои маркети, а од раководството за некои медиуми потврдиле дека маркетите се издаваат на довчерашните конкуренти Кит-го и ЗУР.

Но, наспроти сето ова, деновиве во медиумите се појавија најави од раководството на фирмата, предводено од Сашо Давитковски, за инвестиции во обнова на скопски Бит-пазар. Според првите луѓе на СП, парите од продажба и издавање на објектите ќе се користат токму за овој проект. Но, извори во компанијата велат дека ова било дочекано со скепса меѓу вработените, затоа што сопствениците во изминатите десет години неколкупати ветувале вакви вложувања, кои никогаш не се оствариле.

Сега, кога СП забрзано се ослободува од имотот, а според информациите компанијата има големи долгови кон банки и добавувачи, најавите за големи инвестиции изгледаат посебно неверојатни, велат изворите од компанијата.

Давитковски, од своја страна, вели дека распродажбата и издавањето на имотот не се поврзани со најавите за Бит-пазар.

„Не можам сега да откривам како ќе го градиме пазарот, од кои средства, но си имаме начини и извори како тоа да го направиме. Не знам зошто мора да се поврзува продажбата на имотот на СП со новата инвестиција. Продажбата на маркетите и нивното затворање се должи на политиката на компанијата која процени дека има штети во секторот трговија и затоа пристапивме кон тоа. Но, голем дел од маркетите ги презедоа трговски компании и ги презедоа нашите вработени. Така што тој дел си е едно, а ова со пазарот е друго,“ вели тој.

Ситуацијата дополнително ја компликуваат пазарџиите на Бит-пазар, кои минатата недела реагирале во општина Чаир и поднеле приговори против градежната дозвола на СП, загрижени за тоа што ќе се случува со нивниот бизнис во времето кога би се градел пазарот.

„Реакцијата на сопствениците мислам дека е под нечие влијание затоа што тие имаа можност да реагираат кога ние имавме јавна презентација на проектот. Сега можеме да излеземе во пресрет со тоа што пазарот наместо наеднаш, да го градиме во четири дела, па така делови од него да останат да функционираат. Има многу шпекулации кои стигаат до пазарџиите и тие се исплашени,“ вели Давитковски.

Скопски пазар годинава одбележува 66 години постоење. Компанијата го отворила својот прв супермаркет во Скопје во 1998, по што следуваат годините на експанзија на компанијата и вложувањата во изградба на супермаркети и трговски центри во Скопје и низ Македонија. Така е се до пред неколку години, кога СП почна да бележи пад на добивката, да ги затвора маркетите и да го намалува бројот на вработените.

]]>
http://www.turlitava.com/skopski-pazar-gi-zatvori-site-marketi-ke-zhivee-od-prodazhba-i-izdavane/feed/ 0
Овој фудбалер го промаши невозможното – Погледнете како се избламира! (видео+фото) http://www.turlitava.com/ovoj-fudbaler-go-promashi-nevozmozhnoto-poglednete-kako-se-izblamira-video-foto/ http://www.turlitava.com/ovoj-fudbaler-go-promashi-nevozmozhnoto-poglednete-kako-se-izblamira-video-foto/#respond Mon, 19 Feb 2018 10:39:30 +0000 http://www.turlitava.com/?p=71834 Аргентинскиот напаѓач на АЕК од Атина, Серхио Араухо веројатно влезе во историјата како автор на едно од најневозможните промашувања во историјата на фудбалот.

Некогашниот фудбалер на Бока Јуниорс и Лас Палмас можеше и да ја остави топката да влезе во голот, но се обиде да го потврди голот на ефектен начин.

Но, ја погоди пречката, па наместо топката, тој заврши во мрежата.

АЕК го совлата Астерис Триполис со 1-0 и ја продолжи серијата на позитивни резултати со која изби на врвот во грчката Суперлига со 47 бода.

Погледнете го промашувањето на Серхио Араухо:

]]>
http://www.turlitava.com/ovoj-fudbaler-go-promashi-nevozmozhnoto-poglednete-kako-se-izblamira-video-foto/feed/ 0
Кажете им збогум на болките во грбот и зглобовите – Hondrocream ви нуди решение: Помага во ублажувањето на непријатни грчеви во мускулите и намалување на воспалението http://www.turlitava.com/kazhete-im-zbogum-na-bolkite-vo-grbot-i-zglobovite-hondrocream-vi-nudi-reshenie-pomaga-vo-ublazhuvaneto-na-neprijatni-grchevi-vo-muskulite-i-namaluvane-na-vospalenieto/ http://www.turlitava.com/kazhete-im-zbogum-na-bolkite-vo-grbot-i-zglobovite-hondrocream-vi-nudi-reshenie-pomaga-vo-ublazhuvaneto-na-neprijatni-grchevi-vo-muskulite-i-namaluvane-na-vospalenieto/#respond Wed, 14 Feb 2018 12:47:58 +0000 http://www.turlitava.com/?p=71846 Дали редовно страдате од болки во грбот и зглобовите, предизвикани од остеоартрит или остеохондритис? Подолго време се трудите да го дознаете лекот?

Hondrocream делува директно на местото на болката, ветувајќи дека ќе го врати мускулниот тонус во нашето тело за само неколку минути.

Hondrocream е маст која помага во намалувањето на болка предизвикана од остеоартрит или остеохондритис. Помага во ублажувањето на непријатните грчеви во мускулите и го намалува воспалението.

  • Го потиснува синдромот на фибромијалгија
  • Го намалува притисокот и вкочанетоста во мускулите
  • Делува против отоци
  • Лекува воспаление
  • Регенерира `рскавица

  • Состојки на маста

Главните состојки вклучуваат екстракт од див костен кој игра важна улога во народната медицина и се користи за произведување на креми, масти и гелови. Ја ублажува болката во зглобовите, го намалува отокот и воспалението и ги потиснува дегенеративните процеси во ткивата.

Екстракт од терпентин, камфор и кајенски пипер е совршена комбинација на три активни супстанци кои совршено ги загреваат и опуштаат мускулите и истовремено ја намалуваат болката. Црвениот пипер е исто така претставен во логото на производот.

Нане и масло од пипересто нане ладат и освежуваат, го олеснуваат движењето и ги прекрива капиларите. Евкалиптусот и боровото масло делува како природен антибиотик; имаат анти-воспалителни ефекти. Ефектот на ладење помага за подобро справување со интензивната болка.

  • Начин на употреба

Употребата е многу лесно. Рамномерно нанесете од гелот на темелно измиена и исушена кожа (на болното место). Полека масирајте додека целосно не се впие. Користете го 2 до 3 пати дневно; на овој начин многу брзо ќе се добијат потребните резултати. За подобро да делува кремот, немојте да се туширате или да се намокрите со вода најмалку еден час по употреба. Измијте се темелно со топла вода после 60 минути. Користете го најмалку две недели додека симптомите не исчезнат.

  • Како да го купите?

Можете да го купите овој производ само преку веб страницата  на производителот (во моментот не е достапен во аптеки ниту во продавници за медицински помагала). Внесете ги вашите податоци, адресата за испорака и кликнете на „нарачај“. Ке платите при испорака на нарачката.

Останатите производи може да ги пронајдете на следниов ЛИНК.

]]>
http://www.turlitava.com/kazhete-im-zbogum-na-bolkite-vo-grbot-i-zglobovite-hondrocream-vi-nudi-reshenie-pomaga-vo-ublazhuvaneto-na-neprijatni-grchevi-vo-muskulite-i-namaluvane-na-vospalenieto/feed/ 0
Со купување на еден од лебовите на парчиња на Жито Лукс донирате за медицинска опрема за децата со белодробни заболувања http://www.turlitava.com/so-kupuvane-na-eden-od-lebovite-na-parchina-na-zhito-luks-donirate-za-meditsinska-oprema-za-detsata-so-belodrobni-zaboluvana/ http://www.turlitava.com/so-kupuvane-na-eden-od-lebovite-na-parchina-na-zhito-luks-donirate-za-meditsinska-oprema-za-detsata-so-belodrobni-zaboluvana/#respond Wed, 14 Feb 2018 07:38:37 +0000 http://www.turlitava.com/?p=71842 Со дел од средствата што ќе се соберат со продажбата на кој било леб на парчиња на Жито Лукс, ќе се набави опрема за четири болници во Македонија кои третираат белодробни заболувања кај деца.

Нашиот најголем производител на леб, Жито Лукс започна акција со која ќе се обезбедат средства за набавка на медицинска опрема за четири здравствени институции во земјава, наменета за лекување деца со белодробни заболувања. Со кампањата, која ќе трае до 15 март, од секој купен леб на парчиња на Жито Лукс ќе се одвојуваат средства кои што ќе бидат наменети за набавка на опрема за детските оддели во Општата болница –Охрид, во Клиничката болница д-р Трифун Пановски во Битола, Општата болница – Струмица и во Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле во Скопје.

„Респираторните проблеми кај граѓаните стануваат сè поизразени, при што особено погодени се децата. Токму затоа во последните години, во рамките на нашата компаниска филозофија за општествена одговорност и помош на заедницата, реализиравме неколку донации со кои се обезбеди медицинска опрема неопходна за детекција и лекување токму на овие заболувања кај децата. Нашата најнова акција продолжува во иста насока донирајќи медицинска опрема во неколку здравствени установи во земјава“, вели Лидија Трајковска – Ристовска, од маркетинг секторот во Жито Лукс.

Жито Лукс минатата година донираше опрема за две институции кои се грижат за здравјето на децата, а врзано за респираторни проблеми, за Клиниката за детски болести и за Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле.

]]>
http://www.turlitava.com/so-kupuvane-na-eden-od-lebovite-na-parchina-na-zhito-luks-donirate-za-meditsinska-oprema-za-detsata-so-belodrobni-zaboluvana/feed/ 0
Уште оваа сезона и моќниот тим на ЖРК Вардар заминува во историјата (видео+фото) http://www.turlitava.com/ushte-ovaa-sezona-i-mokniot-tim-na-zhrk-vardar-zaminuva-vo-istorijata-video-foto/ http://www.turlitava.com/ushte-ovaa-sezona-i-mokniot-tim-na-zhrk-vardar-zaminuva-vo-istorijata-video-foto/#respond Mon, 12 Feb 2018 08:49:31 +0000 http://www.turlitava.com/?p=71828 Македонскиот шампион, ЖРК Вардар и против Будуќност ја продолжи перфектната сезона во ЛШ.

Тие ја играат својата најдобра сезона во ЛШ и веќе имаат 9 победи на 9 средби сезонава.

И против Будуќност славеа на домашен терен убедливо со 31-24 и ја продолжија победничката серија.

Но, ситуацијата за следната сезона на е најдобра. На сите ракометарки им е кажано дека можат да си побараат нови клубови.

ЖРК Вардар ќе прави нов проект во кој ќе работи на создавање на тим од ракометарки родени 2002 и 2004 година. Тие треба да бидат иднината и да го крене нивото на репрезентацијата.

Од нив се очекува да бидат и во составот на националниот тим за Европското првенство во 2022 година на кое Македонија е домаќин.

За сега е непознато дали ќе си заминат сите или само дел од странските ракометарки и останува да се види колку ракометарки од школата на Вардар ќе добијат шанса во првиот тим.

Заминуваат Лејно, Лекиќ, Пенезиќ оди во пензија, Лакрабер, Радичевиќ…

]]>
http://www.turlitava.com/ushte-ovaa-sezona-i-mokniot-tim-na-zhrk-vardar-zaminuva-vo-istorijata-video-foto/feed/ 0
Ова е следниот турнир на кој ќе игра Новак Ѓоковиќ – Ги изненади сите! (фото) http://www.turlitava.com/ova-e-sledniot-turnir-na-koj-ke-igra-novak-gokovik-gi-iznenadi-site-foto/ http://www.turlitava.com/ova-e-sledniot-turnir-na-koj-ke-igra-novak-gokovik-gi-iznenadi-site-foto/#respond Mon, 12 Feb 2018 08:41:59 +0000 http://www.turlitava.com/?p=71830 Новак Ѓоковиќ неочекувано се пријави за настап на тенискиот АТП 1000 мастерс во Индијан Велс.

Тоа го потврди и организаторот на овој Мастерс, но сè уште не се знае дали Ноле ќе биде потполно подготвен за настап, бидејќи пред само една недела го оперираш десниот лакт од раката.

Ѓоковиќ токму поради оваа повреда не ги одигра последните 6 месеци од ланската сезона, а по враќањето на терените, односно на Австралија Опен повторно почувствува болка и тоа го чинеше рана елиминација од Гренслемот во Мелбурн.

Мастерсот во Индијан Велс се игра на 8 март, а титулата ја брани Роџер Федерер.

]]>
http://www.turlitava.com/ova-e-sledniot-turnir-na-koj-ke-igra-novak-gokovik-gi-iznenadi-site-foto/feed/ 0
Утре започнуваат 23-те зимски олимписки игри во Јужна Кореја – Големи проблеми за домаќинот! (видео+фото) http://www.turlitava.com/utre-zapochnuvaat-23-te-zimski-olimpiski-igri-vo-juzhna-koreja-golemi-problemi-za-domakinot-video-foto/ http://www.turlitava.com/utre-zapochnuvaat-23-te-zimski-olimpiski-igri-vo-juzhna-koreja-golemi-problemi-za-domakinot-video-foto/#respond Thu, 08 Feb 2018 15:18:17 +0000 http://www.turlitava.com/?p=71823 Од утре па до 25 февруари започнуваат 23-те зимски олимписки игри во Пјонгкјанг, Јужна Кореја.

Се е подготвено за официјалното отворање на Зимските олимписки игри, расположението на домаќините е на високо ниво, но оваа година Олимпијадата ќе биде најстудена во последните неколку децении.

Властите во Јужна Кореја издадоа предупредување за опасно ниските температури низ целата земја. Се очекува дека температурата ќе паднат на -9 степени за време на церемонијата на отворање на игрите.

Ладното време направи олимпијците да преземат дополнителни мерки. Учесниците во американската делегација се опремени со специјална облека, која затоплива со помош на батерии.

Домаќините ќе им дадат топли капи и ќебиња за гледачите на церемонијата на отворањето.

Ќе настапат вкупно 92 земји меѓу кои и Македонија. Истите ќе се натпреваруваат во 7 спорта во 15 дисциплини.

На борилиштата ќе настапат околу 3000 спортисти, а најуспешна нација во историјата е Норвешка која има освоено 329 медали од кои 118 златни.

]]>
http://www.turlitava.com/utre-zapochnuvaat-23-te-zimski-olimpiski-igri-vo-juzhna-koreja-golemi-problemi-za-domakinot-video-foto/feed/ 0
Сонце и облаци уште денеска – Од утре и за викенд голема промена на времето (фото) http://www.turlitava.com/sontse-i-oblatsi-ushte-deneska-od-utre-i-za-vikend-golema-promena-na-vremeto-foto/ http://www.turlitava.com/sontse-i-oblatsi-ushte-deneska-od-utre-i-za-vikend-golema-promena-na-vremeto-foto/#respond Thu, 08 Feb 2018 15:10:53 +0000 http://www.turlitava.com/?p=71820 Времето во Македонија денеска ќе биде умерено облачно, со слаб локален дожд во претпладневните часови, а попладне облачноста ќе се намалува, информира УХМР.

На планините ќе има слаб снег, а дневната температура ќе се движи меѓу 3 и 15 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Дневната температура ќе достигне до 13 Целзиусови степени.

Утре во утринските часови уште ќе има локален слаб дожд, на планините слаб снег. В петок ќе има преодно стабилизирање на времето.

Нов влажен и постуден бран со врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег ќе има за време на викендот, а пообилни врнежи ќе има во сабота.

]]>
http://www.turlitava.com/sontse-i-oblatsi-ushte-deneska-od-utre-i-za-vikend-golema-promena-na-vremeto-foto/feed/ 0
Тотенхем се засили со бразилски репрезентативец – Доаѓа од ПСЖ! (видео+фото) http://www.turlitava.com/totenhem-se-zasili-so-brazilski-reprezentativets-doaga-od-pszh-video-foto/ http://www.turlitava.com/totenhem-se-zasili-so-brazilski-reprezentativets-doaga-od-pszh-video-foto/#respond Thu, 08 Feb 2018 10:27:34 +0000 http://www.turlitava.com/?p=71717 Бразилецот ги напушти редовите на ПСЖ и замина на Островот. И двата клуба постигнале договор и екс играчот на ПСЖ се пресели во Лондон за 28 милиони евра.

Бразилецот пристигна во Лондон, и ги мина медицинските прегледи. Потпиша повеќегодишен договор со петлите.

Станува збор за Лукас Моура, кој во ПСЖ дојде пред 5 години од Сао Паоло за 38 милиони ера, и во 229 настапи за тимот од Париз постигна 46 погодоци и 50 асистенции.

Освои 13 титули од кои четири во француското првенство, а оваа година во сите натпреварувања собра вкупно шест настапи, во кои одигра само 80 минути.

За бразилската репрезентација одигра 36 натпревари и постигна 4 гола.

]]>
http://www.turlitava.com/totenhem-se-zasili-so-brazilski-reprezentativets-doaga-od-pszh-video-foto/feed/ 0
Познати скопски телевизии остануваат без лиценци за работа – Уште 15 дена имаат рок! (фото) http://www.turlitava.com/poznati-skopski-televizii-ostanuvaat-bez-litsentsi-za-rabota-ushte-15-dena-imaat-rok-foto/ http://www.turlitava.com/poznati-skopski-televizii-ostanuvaat-bez-litsentsi-za-rabota-ushte-15-dena-imaat-rok-foto/#respond Thu, 08 Feb 2018 09:54:30 +0000 http://www.turlitava.com/?p=71793 Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги започна постапка за одземање на дозволата за работа на неколку познати скопски телевизиски куќи.

Станува збор за телевизијата Алфа, ТВ Сонце, Радио Слободна Македонија и Сител 3, потврдија за БИРН од Агенцијата.

Овие ТВ станици немаат платено за годишните дозволи за радиодифузна дејност.

Откако ќе се почне постапката, радијата и телевизиите кои немаат платено, добиваат рок од 15 дена, а доколку не платат во тој рок, им се одзема дозволата за работа.

Алфа телевизија треба да плати 3,5 милиони денари, а уплатила помалку од третина од сумата, односно 1 милион денари.

„Согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Советот е должен да почне постапка за одземање на дозволата на секој радиодифузер кој нема да ја плати фактурата за радиско или телевизиско емитување во рок од 30 дена од денот на добивање на фактурата.

,,Откако ќе се почне постапката, на радиодифузерите им се дава рок од 15 дена да ги подмират обврските“, вели директорот на АВМУ Зоран Трајчевски.

Инаку ААВМУ денеска треба да расправа за одземање лиценци на уште 17 радиодифузни куќи исто така поради неплатен надомест за дозволата за емитување.

]]>
http://www.turlitava.com/poznati-skopski-televizii-ostanuvaat-bez-litsentsi-za-rabota-ushte-15-dena-imaat-rok-foto/feed/ 0
Овде погледнете тимовите и возачите за новата Ф1 2018 сезона како и календарот на трките (видео+фото) http://www.turlitava.com/ovde-poglednete-timovite-i-vozachite-za-novata-f1-2018-sezona-kako-i-kalendarot-na-trkite-video-foto/ http://www.turlitava.com/ovde-poglednete-timovite-i-vozachite-za-novata-f1-2018-sezona-kako-i-kalendarot-na-trkite-video-foto/#respond Thu, 08 Feb 2018 09:20:31 +0000 http://www.turlitava.com/?p=71783 ФИА ја објавија комплетната листа со тимовите и пилотите кои оваа година ќе стартуваат во 2018 Ф1 сезона.

Новата сезона ќе содржи 21 трка, а своето деби ќе го направат двајца пилоти, тоа се Шарл Леклер и Сергеј Сироткин.

Русинот потпиша договор со Вилијамс и ќе соработува со Ленс Строл, а Шарл ќе вози Заубер со број 16.

И кога стана збор за Заубер од оваа година тимот официјално се нарекува „Alfa Romeo Sauber F1 Team“. Автомобилот ќе биде во боите на својот нов спонзор и ќе биде промовиран на 20-ти февруари.

Промени има и во другите тимови Ред Бул сега стануваат „Aston Martin Red Bull Racing“, а Торо Росо ќе се вика „Red Bull Toro Rosso Honda“.

Тимот на Форс Индија се уште не се изјасниле дали ќе го заменат името. Другите тимови се 99% со возачите кои настапуваа и минатата сезона.

Официјално новата Ф1 2018 сезона започнува во Мелбурн, Австралија на 23 март.

]]>
http://www.turlitava.com/ovde-poglednete-timovite-i-vozachite-za-novata-f1-2018-sezona-kako-i-kalendarot-na-trkite-video-foto/feed/ 0
Ова се 10-те знаци дека не сме сами на Земјата – Вонземјаните се меѓу нас одамна! (видео+фото) http://www.turlitava.com/ova-se-10-te-znatsi-deka-ne-sme-sami-na-zemjata-vonzemjanite-se-megu-nas-odamna-video-foto/ http://www.turlitava.com/ova-se-10-te-znatsi-deka-ne-sme-sami-na-zemjata-vonzemjanite-se-megu-nas-odamna-video-foto/#respond Thu, 08 Feb 2018 08:31:49 +0000 http://www.turlitava.com/?p=71803 Дали навистина постојан вонземјани? Тоа е прашањето што се поставува со векови и години наназад, а сеуште нема одговор.

Луѓето секојдневно даваат нови докази дека тие навистина постојат и дека се меѓу нас, но никој не може со сигурност да го докаже тоа.

Дали сме сами на оваа планета или универзум? Дали Земјата е единствена во целиот универзум каде што можат да живеат живи суштества?

Можно е, но……

]]>
http://www.turlitava.com/ova-se-10-te-znatsi-deka-ne-sme-sami-na-zemjata-vonzemjanite-se-megu-nas-odamna-video-foto/feed/ 0
Што значи DevOps за Вас како ИТ професионалец и за Вашата организација http://www.turlitava.com/shto-znachi-devops-za-vas-kako-it-profesionalets-i-za-vashata-organizatsija/ http://www.turlitava.com/shto-znachi-devops-za-vas-kako-it-profesionalets-i-za-vashata-organizatsija/#respond Tue, 06 Feb 2018 22:57:34 +0000 http://www.turlitava.com/?p=71797 На ИТ пазарот во последно време се јавува голема потреба од релативно нов профил кој станува доста актуелен во светот но и кај нас, а тоа е DevOps. Заради комплексноста на работата во компанијата при процесот на создавање на софтверскиот производ, се јавува потреба од лице кое ќе посредува меѓу сите инволвирани во тој процес, ќе ги координира, насочува, проверува, ќе биде одговорен за автоматизација на системските операции, скалирање на производот итн.

Според одредени истражувања и статистики, се предвидува дека до 2020 година речиси сите ИТ компании ќе имаат меѓу своите вработени и DevOps. Иако кај нас веќе постои побарувачка на пазарот за овој профил, на многумина не им е јасно што точно значи DevOps и зошто е исклучително важен сегмент во функционирањето на една ИТ компанија.

DevOps е една од најважните области која има влијание врз начинот на кој компанијата е структурирана и организирана околу процесите на развој и работење. Со примена на DevOps културата, процесот на работа се поедноставува, функционира поефикасно и побрзо, а со тоа и крајниот производ е секогаш успешен и навремено имплементиран. Многу успешни организации и онлајн сервиси како што се Netflix, Spotify, Facebook и LinkedIn успешно раководат со ИТ проектите користејќи ги принципите на DevOps.

DevOps инженерот претставува мост помеѓу две сосема различни гранки, т.е. Development и Operations тимовите. Во пракса, тие најчесто се систем администратори најмногу заради алатките кои се користат и тесната поврзаност со оперативните околини на кои што работат без разлика дали се Windows или Unix системи. DevOps инженерите мора да бидат способни да пишуваат скрипти за автоматизација на одредени процеси но, исто така, тие мора да имаат квалитетна комуникација со клиентот, да ги следат и разбираат неговите побарувања и на најефикасен начин навремено да го пласираат крајниот производ на клиентот, да ги елиминираат непотребните чекори, да ги минимализираат трошоците, да се избегнат можните грешки и слично.

Првата DevOps обука кај нас ќе се одржи месецов во Центарот за компјутерска обука Семос Едукација. „Соработката и добрата координација е многу важна во секој работен процес, особено кога постои голем тим со различни профили, а токму со помош на DevOps се создаваат високо-функционални организации. За сите оние кои сакаат да бидат чекор пред конкуренцијата и едни од првите DevOps експерти во Македонија, месецов започнуваме со првата обука од ваков тип во Семос Едукација. Во тек е пријавувањето за обуката која ќе започне на 12-ти февруари. Поголемиот дел од ИТ компаниите на еден или друг начин веќе го користат Devops концептот или барем еден негов аспект, но со оваа обука тие ќе се стекнат со DevOps Fundamentals сертификација, соодветно ќе се обучат и квалификуваат за овој профил.” – изјави еден од тренерите во Семос Едукација.

DevOps експертот треба да има суштински познавања од работата на сите инволвирани страни во создавање на крајниот софтверски производ. Најчесто DevOps стануваат програмерите или системските инженери, кои покрај нивната примарна работа дојдоа до сознание дека постои можност да бидат поуспешни, поефикасни и да се искачат неколку скалила погоре во хиерархиската пирамида во рамки на компанијата. Но, покрај програмерите и системските инженери, DevOps е наменет и за сите индивидуалци вклучени во ИТ развој, ИТ операции или ИТ менаџмент на услуги.

]]>
http://www.turlitava.com/shto-znachi-devops-za-vas-kako-it-profesionalets-i-za-vashata-organizatsija/feed/ 0
Помош од УЈП – Како се пополнува годишна даночна пријава (видео+фото) http://www.turlitava.com/pomosh-od-ujp-kako-se-popolnuva-godishna-danochna-prijava-foto/ http://www.turlitava.com/pomosh-od-ujp-kako-se-popolnuva-godishna-danochna-prijava-foto/#respond Tue, 06 Feb 2018 11:25:07 +0000 http://www.turlitava.com/?p=71784 Секој граѓанин на Република Македонија кој остварил дополнителни приходи покрај плати и пензии задолжително до 15 март треба да поднесат годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи.

До крајот на оваа година мора да се регистрираат на системот е-Персонален данок – за УЈП во следната година да може самата да ги пополнува даночните пријави на граѓаните.

Кога оваа промена ќе стапи во сила, граѓаните ќе можат само да ги коригираат пријавите доколку има потреба.

Тоа значи дека претстојниот 15 март е последен кога граѓаните сами на шалтерите на УЈП треба да го пријават данокот, од следната година нема да доставуваат пријави и извештаи во Управата.

Од УЈП информираат дека подготвиле и брошура која треба да ве упати како да ги пријавите приходите во Годишната даночна пријава (образец „ПДД-ГДП”).

Од УЈП апелираат граѓаните да побрзаат со поднесувањето на пријавите за да се избегне гужвата од минатите години кога најголемиот број граѓани пријавите ги доставуваа во последните неколку денови од рокот.

Во прилог – образец „ПДД-ГДП
Во прилог –Брошура

]]>
http://www.turlitava.com/pomosh-od-ujp-kako-se-popolnuva-godishna-danochna-prijava-foto/feed/ 0
Гранде Пандев – Капитенот на Македонија славеше победа против поранешниот тим (видео+фото) http://www.turlitava.com/grande-pandev-kapitenot-na-makedonija-slaveshe-pobeda-protiv-poraneshniot-tim-video-foto/ http://www.turlitava.com/grande-pandev-kapitenot-na-makedonija-slaveshe-pobeda-protiv-poraneshniot-tim-video-foto/#respond Tue, 06 Feb 2018 10:55:25 +0000 http://www.turlitava.com/?p=71777 Во последниот натпревар од 23 коло во Серија А, Џенова направи големо изненадување во Рим и славеше против Лацио со 2-1.

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев го постигна првиот гол во победата на Џенова во гостувањето кај својот поранешен клуб, Лацио каде ја доживеа својата афирмација.

Тој погоди во 55.минута за водство на Џенова од 0-1. До крајот двете екипи постигнаа по еден гол. Лацио најпрво израмни на 1-1, а конечните 1-2 за Џенова ги постави Лаксалт.

Со оваа победа Џенова полека се издвојува од зоната на испаѓање во Серија Б и полека фаќа приклучок со екипите од средината на табелата во италијанското калчо.

 

Џенова е на 13-тото место со 24 бода по 23 кола. Лацио е трет со 46 бода.

Инсерти од мечот во Рим….

]]>
http://www.turlitava.com/grande-pandev-kapitenot-na-makedonija-slaveshe-pobeda-protiv-poraneshniot-tim-video-foto/feed/ 0