Џекпотот на американската лотарија ќе ја делат тројца американци

Падна големиот џекпот на американската лотарија Powerball, а добитната комбинација ги содржи овие броеви, 4, 8, 19, 27 и 34.

lotary usa1

Добитници се тројца американци кои ќе ја поделат рекордната премија од 1,5 милијарди долари од последното извлекување на лотаријата на САД, а трите тикети со добитната комбинација од бројки се продадени во три различни сојузни американски држави – Калифорнија, Флорида и Тенеси.

Добитниците на премијата може веднаш да поделат сумата од 937 милиони долари или да го добијат целиот износ од својот дел од добивката во годишни рати во следните 29 години.

Премијата од 1,5 милијарди долари речиси сигурно темелно ќе им го измени животот на нејзините добитници, но голема е заработувачката и на државата, која како данок ќе наплати околу 40% од добивката.

Ова е досега убедливо најголемата премија на американаката лотарија во историјата на САД. Претходно, рекордната премија беше извлечена во март 2012 година, кога изнесуваше 656 милиони долари, а добитник на главната премијата немаше уште од 4 ноември.

Во последните часови пред извлекувањето, се формирале долги редици во кои илјадници Американци настојуваа да уплатат тикети за да учествуваат во извлекувањето.

loading...

КОМЕНТАРИ