Денеска стартува ракометното ЕП 2018 во Хрватска – Факти кои не сте ги знаеле (видео+фото)

Во четири градови во Хрватска од денеска па се до 28 јануари ќе се игра 13. Европско ракометно првенство на кое ќе учествуваат 16 репрезентации, а меѓу нив и Македонија која ќе игра по 5-ти пат на ЕП.

Само три репрезентации имаат учество на сите 13 Европски првенства, Хрватска, Шпанија и Франција, а Русија остана на 12 учества откако не успеа да избори пласман на ова првенство.

Инаку, Хрватска е по вторпат домаќин, првпат беше во 2000 година. Најуспешна селекција на ЕП е Шведска со 4 златни медали, Франција има 3, Данска и Германија имаат по 2 титули, а Русија една.

Шпанија и Данска имаат најмногу медали – вкупно 6, а Хрватска 5. Шпанија има четири учества во финалните натпревари и нема победа, додека Шведска има скор 4 од 4 на финалните натпревари. На последното финале во Краков Германија ја совлада Шпанија со 24:17.

За македонските ракометари првото учество беше во 1998 година во Италија, кога го освоивме 12-то место. На шампионатот го постигнавме најдобриот резултат со освоеното 5.место во Србија во 2012 година. Огромната поддршка од македонските навивачи придонесоа и за позитивните резултати. Во Данска во 2014 година, нашите ракометари го освоија 10.место, а пред две години во Полска бевме на 11.место.

Капитенот Кире Лазаров е рекордер по бројот на постигнати голови на еден шампионат, вкупно 61 на Европското првенство во Србија во 2012.

Ова е последно Европско првенство со 16 репрезентации бидејќи на следното 2020 година што ќе се игра во Австрија, Норвешка и во Шведска ќе играат 24 репрезентации.

Ова е најавата за настанот кој не очекува…..

loading...

КОМЕНТАРИ