Чудна топка падна од небото – Луѓето во шок и паника, интервенирала и армијата (видео+фото)

Мистериозна огнена топка викендов била забележана на небото над Перу и ги шокираше локалните жители.

Перуанските воздушни сили брзо го откриле изворот, откако локалците во околината на Ларанкахуана пронашле топчест предмет. Тие ги известиле воздушните сили, топката била дел од сателит кој што паднал на земјата.

Перуанските воздушни сили (FAP) ги објавија фотографиите од остатокот од сателитот за да ги спречат теориите за НЛО.

Станува збор за складиште за гориво на искористениот сателит, односно на сателитот кој престанал да работи.

Никако не станува збор за НЛО туку за вселенски отпад, изјави командирот Педро Палко.

Ова се инсертите од мистериозната топка…

 

извор – usb.mk

 

КОМЕНТАРИ