КУЛТУРА

Филмот „Avec l’amour” вечерва во „Кино на отворено” во Кисела Вода

“Avec l’amour” на режисерот Илија Цветковски вечерва е на репертоарот на “Кино на отворено” кое од вторникот се одржува во Кисела Вода.

Проекцијата започнува во 21 часот, пред Домот на културата “Билјана Беличанец”, а половина час порано за најмладите ќе се емитуваат анимирани филмови.

Инаку, вчерашната проекција на првиот македонски филм за деца „Стела“ предизвика голем интерес кај публиката која имаше можност и да се дружи со екипата која работеше на овој филм, продуцентот Огнен Антов, режисерот Стојан Вујичиќ, како и главниот актер Дејан Лилиќ.

Летното кино кое го реализира Општина Кисела Вода во партнерство со МакеДокс, продолжува до крајот на оваа седмица.

Facebook коментари:

Напишете коментар

Back to top button
close