Божиќниот подарок на Меган ја насмеа кралицата до солзи- ваква реакција никој не очекувал

Секој Божиќ, според традицијата која трае со години во кралството, се собираат сите членови од семејството, па наместо луксузни подароци тие си подаруваат интересни и шеговити подароци.

Пред неколку години принцезата Кејт на кралицата и подарила тегличка индиски слатко кислел сос кој таа многу го сака, но онаа година кралицата посебно се изнасмеала и израдувала на уникатниот подарок од новиот член на семејството а тоа е вереницата на Хари, Мега.

Имено Меган и подарила играчка, мал плишан хрчак кој пее, а штом кралицата ја отворила кутијата, нејзините кучиња веднаш тргнале да ја зграпчат играчката на што кралицата слатко се изнасмеала до солзи , пренеле светските медиуми.

Тие исто така се присетиле и на деновите кога принцезата Дајана била со нив на овие прослави, и често знаела многу да ги насмее со своите подароци за Божич.

loading...

КОМЕНТАРИ