Барселона го претстави своето најскапо засилување во историјата – Тој е бразилец! (видео+фото)

Каталонскиот клуб Барселона го претстави своето најново засилување во зимскиот преоден рок.

Барселона повторно пазареше во Ливерпул, а од таму доаѓа најскапото засилување за клубот кое чинеше неверојатни 160 милиони евра, а станува збор за бразилецот Филипе Кутињо.

,,Мојот сон се оствари, и среќен сум што ќе играм со моите идоли, Меси, Суарез, Иниеста, Пике, Бускетс… изјави Кутињо. Сакам да се заблагодарам на претседателот Бартомеу што се потруди да го оствари овој трансфер, но и да го оствари мојот сон.

,,Се надевам дека ќе се оддолжам на клубот за напорите кои ги вложија да ме донесат тука – заврши Кутињо.

Тој успешно ги мина медицински прегледи и беше официјално преставен на јавноста. Кутињо стави потпис на 5,5 годиншен договор со откупна клаузула од невeројатни 400 милиони евра.

Бразилецот реши да ја земе легендарната 14-ка. Низ историјата на Барселона овој број го носеле многу фудбалери, а најеминентните имиња од минатото се Јохан Кројф и Тиери Анри.

6000 фанови го пречекаа нивниот најскап играч во историјата на клубот, но за неговото деби ќе мора да почекаат најмалку три недели, бидејќи Кутињо се уште се нема сосема опоравено од повредата на бутниот мускул.

Погледнете го официјалното претставување на бразилецот на Ноу Камп пред фановите…

loading...

КОМЕНТАРИ