Ајвар

Ајварот е еден од највкусните специјалитети и најголемите тајни на балканската кујна, и води потекло од Македонија. Ајварот се припрема на традиционален начин (на отворен простор – пиперките се печат на шпорет на дрва), поради што потребна е доста напорна рачна работа.

Најчесто се подготвува кон крајот на летото и во почетокот на есента. Треба да се забележи дека различни семејства, различно го подготвуваат својот ајвар.

Така, некои во смесата додаваат мелени домати, некои моркови, а најчесто се користи модриот патлиџан како најефективен додаток на традиционалниот ајвар. Најдобриот ајвар се произведува во домаќинствата, зашто само преку внимателна рачна работа може да се постигне целосно отстранување на лушпата и семето од пиперката што го гарантира чистиот вкус на ајварот.

Тој е редовен и постојан дел од зимницата зашто најлесно се конзервира и најдолго може да опстои во зимскиот период од годината.

Состојки: – 1 вреќа црвени пиперки (околу 25-30 кг) – 2 л. масло – 100 гр. шеќер – 50 мл. винска киселина – сол по вкус Подготовка: Измијте ги пиперките, избришете ги со чиста крпа па ставете ги да се печат. При тоа кога печените пиперки се готови соберете ги во поголем сад со капак. Целта на капакот е да овозможи што подобро и полесно лупење.

Излупените пиперки, исчистени од заостанатите семки и црни лушпи, пожелно е да се процедат барем неколку саати или можеби во тек на една ноќ. Пржењето на ајварот започнува така што најпрво на добро распален во т.н.тапан за зимници, во големо тенџере уште познато под името „шерпа“ се ставаат маслото, киселината, шеќерот и солта да се измешаат и малку да вријат т.е да се пропржат додека шеќерот малку зарумени. Потоа додадете ги и мелените пиперки и мешајте за да се соедини смесата за пржење.

Пржењето се одвива околу 2 часа, зависно од количината на пиперките. Интересното што може да го презентираме во овај домашен рецепт е дека многу лесно можете да научите кога ајварот е готов.

Штом при мешањето на ајварот забележувате дека зад лажицата останува трага и можете да го видите дното на тенџерето, значи ајварот е готов.

Готовиот топол ајвар се собира во тегли затоплени на 50 степени и добро се затвора. На здравје!

loading...

КОМЕНТАРИ